Шведскиот гигант АИК кој е дванаесеткратен шампион на државата, на својот стадион „Стробери арена“ одигра еден од најневеројатните натпревари во историјата на тамошниот фудбал против Бромапојкарна.
По првото полувреме без голови, во продолжението следуваше вистинска голеада. Гостите поведоа преку Странд во 48. минута, а Али набрзо израмни.
Потоа следуваше целосен распад на играта на АИК, Бромапојкарна за само 11 минути, од 59. до 70. минута, постигна дури четири гола и поведе со неверојатни 1-5.
Се чинеше дека домашниот тим е целосно потонат, но тогаш започна чудесниот камбек. Со головите на Ајари, двојниот стрелец Густафсон и Хове, кој погоди во седмата минута од судиското продолжение, АИК успеа да израмни на 5-5 и да направи нешто што изгледаше невозможно.
Сепак, драмата не заврши тука. Во деветтата минута од судиското продолжение, Мадс Хансен погоди за конечни 5-6 и му ја донесе победата на гостинскиот тим во натпревар кој долго ќе се памети.