Тотнем со десет фудбалери се спаси од пораз на Олд Трафорд (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Манчестер Јунајтед не успеа да сочува водство против Тотнем иако имаше играч повеќе, натпреварот заврши 1-1.

Лондонскиот тим доминираше во првото полувреме, но не успеа да постигне гол, клучните возбудувања се случија во вториот дел.

Во 73. минута по асистенција од Куња, Мбуемо го најде патот до мрежата на противникот за водство на Манчестер Јунајтед од 1-0.

Пет минути подоцна Тотнем остана со фудбалер помалку откако Бентакур доби црвен картон по една мешаница по негов остар старт.

Тотнем мораше да напаѓа, да бара израмнување иако имаше 10 фудбалери. Таквата офанзивна игра им се исплатеше, во 92. минута Соланке даде гол за конечни 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×