Роналдињо наскоро дебитира за Равена, сака да дојде до 300 гола во кариерата!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо подготвува изненадувачко враќање на фудбалските терени. Според информациите на италијанските медиуми, поранешната ѕвезда на Барселона би можела повторно да заигра фудбал, овојпат во дресот на италијанскиот третолигаш Равена.

Според најавите, Бразилецот потпишал договор во текот на летото, а неговото деби е планирано за 15 ноември, кога Равена ќе го одигра дербито против Форли.

Зад овој необичен ангажман се крие и интересна цел. Роналдињо во професионалната кариера, која траеше од 1998 до 2015 година, постигна вкупно 299 голови, 266 на клупско ниво и 33 во дресот на бразилската репрезентација. Сега, наводно, планот е да стигне до јубилејниот 300. гол во кариерата.

Сепак, идејата за неговиот настап не ги воодушеви сите навивачи на Равена. Клубот се бори за водечките позиции во Серија Ц, па дел од приврзаниците сметаат дека важниот дуел против Форли не е вистинска прилика за ваков вид фудбалски спектакл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×