Групацијата „Фридкин“ го стави Евертон на продажба, и тоа по неполни две години откако ја превзедоа контролата врз „карамелите“.
Евертон оди на продажба, по објавата на „Атлетик“, пристигна и официјална потврда од самиот клуб.
„Кога го презедовме Евертон, клубот се соочуваше со сериозна финансиска неизвесност и бројни предизвици, како на теренот, така и надвор од него. Наш приоритет беше да обезбедиме стабилност, инвестиции и поддршка за да ја гарантираме иднината на клубот. Тоа вклучуваше и помош за завршување на долгоочекуваниот стадион, кој навивачите заслужуваат да го имаат. Сега, кога тие основи се поставени, сметаме дека е вистински момент да размислуваме за следната фаза во развојот на Евертон“ – се вели во соопштението.
Претходно „Атлетик“ пренесе дека Евертон ќе биде продаден само под еден важен услов, односно новиот сопственик да биде способен да го подигне клубот на повисоко ниво.
До евентуалната продажба, групацијата „Фридкин“ ќе продолжи финансиски и организациски да го поддржува Евертон.
Популарните „карамели“ беа купени од „Фридкин“ во декември 2024, во зделка вредна повеќе од 400 милиони фунти, со што се стави крај на турбулентниот период под раководство на Фархад Мошири.
Групацијата „Фридкин“ исто така е сопственик и на Рома, но во моментов нема најави дека и овој клуб ќе биде ставен на продажба.