Флик потврди: Барса остана без Рафиња

by Стефан
1 минути читање

Барселона нема да може да смета на Рафиња на следните два натпревари, потврди тренерот Ханси Флик на денешната прес-конференција. Бразилскиот репрезентативец нема повреда, но во каталонскиот клуб не сакаат да ризикуваат со неговата здравствена состојба.

Според германскиот стратег, одлуката е донесена од претпазливост, со цел Рафиња да биде целосно подготвен за предизвиците што следуваат. Така, напаѓачот ќе ги пропушти дуелите со Гетафе, кој Барселона го игра на домашен терен, и гостувањето кај Галатасарај.

„Рафиња нема повреда, но мораме да бидеме внимателни бидејќи минатата сезона се соочи со три повреди. Мораме да внимаваме на него“, истакна Флик.

Во Барселона се надеваат дека со ваквиот пристап ќе избегнат непотребни компликации и ќе му овозможат на Бразилецот да се врати во целосна форма.

Доколку закрепнувањето и подготовките минат според планот, Рафиња би можел повторно да се најде на располагање за гостувањето кај Реал Бетис, закажано за 17 ноември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×