Манчестер јунајтед му понудил нов договор на Џеј Џеј Габриел, но само порaди една причина

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Манчестер јунајтед му понудил нов договор на Џеј Џеј Габриел, со овој потег „ѓаволите“ се штитат младото момче да не може беспари да се пресели во ривал од Премиерлигата.

Џеј Џеј Габриел го шокираше Манчестер јунајтед минатиот месец со барање за раскин на регистрацијата.

Офанзивниот фудбалер важи за еден од најголемите таленти во школата на „ѓаволите“ и се очекуваше да испише историја и да биде најмладиот дебитант на клубот од „Олд Трафорд“, планот беше тој да добие минутажа против Брајтон во Лига Купот, но сето тоа падна во вода.

И покрај тоа што јазот помеѓу двете страни е голем и се чини дека шансите Џеј Џеј Габриел да остане се мали, Манчестер јунајтед му понудил нов договор.

Но како што објаснува „Гардијан“, овој потег е повеќе насочен кон тоа „ѓаволите“ да се заштитат младото момче да не може беспари да се пресели во ривал од Премиерлигата.

Со понудата за нов договор на маса (без разлика дали ќе биде прифатен или не), секој клуб од Премиерлигата што ќе сака да го ангажира Џеј Џеј Габриел, ќе мора да седне на преговори со „ѓаволите“, а доколку двете страни не постигнат договор, висината на сумата ќе ја одреди независна арбитражна комисија.

При едно вакво сценарио, Манчестер јунајтед може да очекува приход од повеќе од 3 милиони фунти, како и клаузула од 20% од следниот трансфер на играчот.

Но доколку Џеј Џеј Габриел се реши за преселба во европски гиганти, тогаш клубот од „Олд Трафорд“ ќе добие значително помала сума, или околу 350.000 фунти.

Се верува дека токму таков е планот на фудбалерот, и веќе се водат преговори со Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×