Ла Лига не му дозволи на Карвахал да потпише за Гетафе за 400.000 евра годишно

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот шпански десен бек Дани Карвахал минатото лето го напушти Реал Мадрид, а сè уште нема клуб, бидејќи денес Ла Лига му забрани да потпише за Хетафе.

Хетафе и Карвахал ги договорија сите услови за соработка и договорот требало да биде потпишан, но потоа се вмешале финансиските стручњаци од Ла Лига и го спречиле реализирањето на трансферот.

Во што бил проблемот? Имено, Хетафе и Карвахал се договориле за потпис на договор според кој 34-годишниот Шпанец би заработувал 400.000 евра по сезона. Стручњаците процениле дека тоа е премала плата за Карвахал, иако тој се согласил на истата, па целиот договор бил блокиран.

Таквата одлука ја поткрепиле со податоците дека Карвахал до неодамна во Реал Мадрид заработувал дури 10 милиони евра годишно.

Карвахал го напушти Реал откако за овој клуб одигра дури 451 натпревар, постигна 14 гола и запиша 66 асистенции. Со „Кралевите“ освои 27 трофеи, од кои шест во Лигата на шампионите и четири во Ла Лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×