Пријател на Жорж Жезус открива дека човек од окружувањето на Кристијано Роналдо му се заканил на селекторот на Португалија дека ќе добие отказ доколку јавно не му се извини на напаѓачот.
Кристијано Роналдо предизвика драма минатата недела, напаѓачот влезе во недоразбирања со селекторот Жорж Жезус, па ја напушти репрезентацијата пред натпреварот против Данска, се качи во својот приватен авион и си замина.
Тиквата пукна поради одлуката на Жорж Жезус да го прати Кристијано Роналдо на загревање на натпреварот против Норвешка, и потоа да не го пушти во игра.
Пријател на Жорж Жезус сега открива повеќе детали од зад цената и изјави дека предводникот на Португалија дури добил закана дека ќе заработи отказ.
Наводно Тиаго Кравеиро, консултант на Кристијано Роналдо, стапил во контакт со човек близок до Жорж Жезус во обид да се договори однапред режирано извинување, а ако тоа не се случи, стратегот ќе остане без работа.
Сепак, Жорж Жезус го одбил предлогот, и на прес конференцијата само призна дека направил грешка, без официјално да упати извинување до Кристијано Роналдо.
Според информациите, селекторот на Португалија е длабоко разочаран и погоден од целата ситуација.