Како што објави „Тајмс“, Арсенал богато го наградил Микел Артета со новиот договор и му дал плата од 25 милиони фунти по сезона.
По пауза од 22 години, Микел Артета ја донесе титулата во Премиерлигата на „Емирати“, Арсенал играше и финале во Лигата на шампиони, па раководството на „топчиите“ не се штедеше во преговорите за нов договор.
Вчера официјално беше потврдена новата соработка до 2030 година, а според „Тајмс“, Шпанецот бил богато награден.
Платата на Микел Артета изнесува 25 милиони фунти по сезона, односно 20 милиони фунти како фиксен дел, и 5 милиони во бонуси.
Со вакви бројки, неговата плата е на рамниште од она што го добиваше Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, и речиси колку најплатените во светот, Диего Симеоне во Атлетико Мадрид и Симоне Инзаги во Ал Хилал.