Ерета на Лео Меси во репрезентацијата на Аргентина официјално заврши, а со неговото заминување, популарните „гаучоси“ се соочуваат со огромен предизвик, кој ќе на наследи легендарната „десетка“?
Лео Меси утрово го одигра последниот натпревар во дресот на Аргентина, по две децени во националниот дрес, напаѓачот се повлекува од репрезентацијата.
Сега се поставува едно важно прашање: Кој ќе биде новата „десетка“? Не станува збор само за улогата на Лео Меси во играта, туку и за симболиката на бројот, кој го носеше уште една аргентинска легенда, Диего Марадона.
Најприроден избор е Нико Паз, медиумите се убедени дека тој ќе го наследи дресот со број 10 и веруваат дека фудбалерот на Комо ќе одговори на предизвикот. Кога станува збор за техниката, визијата и способноста да создава шанси, тој во моментов е веројатно играчот кој најмногу потсетува на Лео Меси.
Сепак, Нико Паз се уште е млад, со релативно мало искуство на највиско ниво, па постојат стравувања дека тежината на дресот и одговорностите можат да бидат преголеми за Нико Паз.
Како сериозни алтернативи се споменуваат Лаутаро Мартинез и Хулијан Алварез.
Лаутаро веќе ја носи „десетката“ во Интер и има огромно искуство и на клупски и на репрезентативен план. Сепак, неговата природна позиција е поофанзивна и повеќе е класичен напаѓач отколку креатор на играта каков што беше Меси.
Хулијан Алварез, пак, има поголема тактичка флексибилност и може да игра подлабоко на теренот, со што би можел да преземе дел од креативните задачи кои досега ги имаше Меси.
Аргентина има неколку опции, но изборот ќе биде исклучително важен. Да се наследи дресот со број 10 по Меси и Марадона не е обична задача.
ФОТО: X/Selección Argentina