Ниту еден репрезентативец на Португалија не го „лајкна“ соопштението на Роналдо

by bojan
1 минути читање

Кристијано Роналдо вчера го прекина молкот и проговори за инцидентот што го направи, порача дека селекторот Жорж Жезус е виновен за одлуката да ја напушти репрезентацијата пред натпреварот против Данска.

Изминативе денови, Кристијано Роналдо беше топ тема, напаѓачот имаше недоразбирања со селекторот Жорж Жесус, ситуацијата кулминираше до тој степен за Кристијано Роналдо да го повика својот приватен авион во Копенхаген и да ја напушти репрезентацијата на Португалија ден пред натпреварот против Данска.

Напаѓачот вчера ја раскажа својата страна на приказната, вината за тоа што си замина од селекцијата ја префрли кај селекторот Жорж Жезус.

Останува да се види како ќе се разреши целата ситуција, но португалските медиуми забележаа еден интересен детаљ, ниту еден репрезентативец на Португалија не ја „лајкна“ објавата на Кристијано Роналдо.

За многумина, ова е знак дека неговите соиграчи не биле воодушевени од целата драма која се создаде, и дека селекторот не е единствениот виновен за случувањата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×