Од Македонија ништо ново, пораз од Швајцарија – осум меча без даден гол!

by riste
1 минути читање

Примивме три гола од три грешки, Швајцарија со убедливи 3-0 ја совлада Македонија, ние одигравме добро прво полувреме, но пак немавме ниту шут во рамките од голот на противникот.

Минаа и осум натпревари под водство на Гоце Седлоски, а Македонија уште не даде гол. На овие четири меча кои ги одигравме во овој репрезентативен прозорец, имавме само еден шут во рамките од голот на противниците.

Денеска го одигравме најдоброто полувреме во последните натпревари. Бевме речиси рамноправни со Швајцарците првиот половина час, имавме добра шанса преку Митревски, но шутираше високо над голот.

Казната стигна во финишот од првиот дел кога по грешка на Муслиу, Рајдер погоди за водство на Швајцарија од 1-0.

Второто полувреме беше друга приказна, Швајцарија влезе многу посериозно, ние веќе изгледавме немоќно.

Во 74. минута Манзамби шутираше од далечина, Димитриевски во обид да боксува направи голем кикс и топката заврши зад неговиот грб за водство на Швајцарија од 2-0.

Седум минути подоцна нов кикс на нашите фудбалери, овојпат погреши Гаштаров, Ндоје искористи за конечни 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×