Јакин најави промени за Македонија: Во добра ситуација сме, но мораме да ја завршиме работата

by Стефан
1 минути читање

Швајцарија со голема самодоверба го очекува реваншот против Македонија во Лигата на нации, но селекторот Мурат Јакин најави дека ќе направи неколку промени во составот.

По убедливата победа од 3:0 во Скопје и триумфот над Словенија, швајцарскиот стратег планира да ротира. Јакин откри дека се очекуваат три или четири промени, но конечниот состав ќе го одреди по последниот тренинг.

„Сигурно ќе има три или четири промени. Сè уште немам донесено конечна одлука, сакам прво да го видам последниот тренинг“, изјави Јакин.

На десната страна владее најголема конкуренција, а за место во стартниот состав се борат Мишел Аебишер и Фабијан Ридер. Во комбинација е и Џибрил Соу, додека својата шанса ќе ја добие и младиот Алвин Сансес.

Јакин потврди дека Сансес ќе добие минутажа против Македонија.

„Алвин сигурно ќе добие шанса утре. Ситуацијата за нас е многу поволна, но мораме да ја завршиме работата. Одиме во вистинска насока и сакаме повторно да се најдеме на големата сцена“, порача швајцарскиот селектор.

Иако Швајцарците во Скопје славеа со убедливи 3:0, зборовите на Јакин покажуваат дека во нивниот табор нема место за опуштање.

Вториот дуел меѓу Швајцарија и Македонија се игра утре во Луцерн, со почеток од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×