Душан Влаховиќ повторно се најде на удар на српската јавност, откако напаѓачот на Бешикташ го откажа настапот за националниот тим во актуелниот репрезентативен циклус.
Влаховиќ одигра цел натпревар за турскиот клуб во поразот од Амедспор, а на таа средба успеа и да постигне гол. Сепак, само два дена подоцна се пожалил на болка во мускулот, по што беше соопштено дека нема да може да ѝ помогне на репрезентацијата.
Србија во меѓувреме ги загуби сите три натпревари во Лигата на нации на кои настапи без својот напаѓач, што дополнително го зголеми незадоволството кај навивачите.
Реакциите станаа уште поостри по информациите кои пристигнаа од Турција дека повредата на Влаховиќ не е сериозна. Според тие наводи, напаѓачот би требало да биде подготвен веднаш по репрезентативната пауза и повторно да се стави на располагање на својот клуб.
Српските медиуми потсетија и на претходните ситуации во кои Влаховиќ, од различни причини, го откажувал настапот за националниот тим додека селектор беше Драган Стојковиќ. Сето тоа повторно ги отвори дилемите во српската јавност околу односот на Влаховиќ кон репрезентацијата и неговата подготвеност да игра за националниот дрес.