17
Навивачите на Босна и Херцеговина во голем број и со песни и знамиња се упатија кон стадионот во Зеница, каде вечерва нивната репрезентација ја пречекува Шведска.
Улиците во Зеница се преполни со навивачи, а атмосферата навестува вистински спектакл на трибините. Во центарот на вниманието ќе биде Един Џеко. За искусниот напаѓач ова ќе биде последниот натпревар во дресот на босанската репрезентација.
Дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Шведска започнува во 20:45 часот.