Билиќ збесна и се нафрли на судијата. Идиот еден, топката излезе! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Славен Билиќ, се најде во центарот на вниманието поради своето однесување за време на гостувањето кај Шпанија, кое Хрватска го загуби со убедливи 1-4.

Иако високиот пораз беше доволна причина за разочарување, внимание предизвика и реакцијата на Билиќ во 75. минута од натпреварот.

Во моментите кога Шпанија имаше убедливо водство од 3-1, хрватскиот селектор бурно реагираше покрај својата клупа. Билиќ сметаше дека домаќинот неправедно добил посед на топката, откако според него таа претходно ја напуштила теренот преку аут-линијата.

Незадоволен од одлуката на главниот арбитар, Билиќ целосно ги загуби нервите и со жестоки зборови му се обрати на судијата.

„Идиот еден, топката беше излезена! Што ме гледаш?! Волку беше излезена!“, викаше Билиќ, а неговите зборови јасно се слушнаа во директниот телевизиски пренос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×