Како што пренесува Билд, Баерн Минхен наскоро ќе седне на преговори со Мајкл Олисе и ќе му понуди на Французинот нов договор до 2032 година и плата од 25 милиони евра по сезона.
Мајкл Олисе минатата сезона ја одигра на врвно ниво, па изминатово лето често беше дел од трансфер шпекулациите и се најавуваше како ново „галактико“ засилување на Реал Мадрид.
Сепак, од таборот на Баерн Минхен јасно порачаа дека немаат намера да го продадат Французинот, и ставот нема да го променат без разлика на понудите кои ќе пристигнат.
Како што пренесува Билд, „баварците“ наскоро ќе седнат на преговори со Мајкл Олисе и ќе му понудат нов договор.
Тие се подготвени да му ја зголемат платата од сегашните 14 милиони евра по сезона, на 25 милиони евра по сезона, и да го направат еден од најплатените во тимот.
Но се очекува Мајкл Олисе и неговите агенти да имаат едно важно барање, односно вметнување на откупна клаузула, за во иднина да имаат целосно контрола за следниот чекор во кариерата.
Се шпекулира дека откупната клаузула би изнесувала 200+ милиони евра.