Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Алберто Џилардињо официјално е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Парма, наследувајќи го Карлос Куеста, кој поднесе оставка. Џилардино како голгетер се прослави токму во дресот на Парма, од каде подоцна се искачи меѓу најдобрите стрелци во Серија А и во репрезентацијата на Италија.
До смената на клупата дојде откако Куеста одлучи да поднесе оставка по несогласувањата со клупското раководство. Парма по воведните пет кола во Серија А се наоѓа на 15. позиција со освоени четири бода, па главната задача на прославениот италијански голгетер ќе биде стабилизација на екипата и борба за опстанок.
Џилардињо потпиша договор до крајот на актуелната сезона 2026/27, со опција за продолжување на уште две години.
Во тренерската кариера, пред Парма, ги водеше Реџана, Про Верчели, Сиена, Џенова и Пиза. Со репрезентацијата на Италија во 2006 година успеа да стане и светски шампион, додека во редовите на Милан стигна до Лигата на шампионите.
Во Милан пристигна во 2005 година токму од Парма, каде што како голгетер остави длабока трага. За репрезентацијата на Италија одигра 57 натпревари и постигна 19 гола.
Дебито на клупата на „млекарите“ ќе го има на 10 октомври на стадионот „Џузепе Меаца“ против актуелниот шампион Интер.
𝐖𝐞𝐥𝐜𝐨𝐦𝐞 𝐆𝐢𝐥𝐚𝐫𝐝𝐢𝐧𝐨 💛💙 #ForzaParma https://t.co/zxBcPyYsWr
— 𝐏𝐚𝐫𝐦𝐚 𝐂𝐚𝐥𝐜𝐢𝐨 𝟏𝟗𝟏𝟑 (@1913parmacalcio) September 29, 2026