Премиер лигата потврди дека Манчестер Сити е прогласен за виновен по сите обвиненија поврзани со сериозни прекршувања на финансиските правила на лигата во периодот помеѓу сезоните 2009/10 и 2017/18; Манчестер Сити ќе поднесе жалба на пресудата.
Независна комисија го прогласи Манчестер Сити за виновен по сите обвиненија поврзани со сериозни прекршувања на финансиските правила на Премиер лигата, соопштија од лигата.
Независната комисија, исто така, утврди дека во периодот помеѓу 2009/10 и 2017/18:
Манчестер Сити склучувал „фиктивни“ договори со одреден број свои комерцијални партнери со цел вештачки да ги зголеми приходите на клубот и да ги намали трошоците за повеќе од 900 милиони фунти;
Клубот доставувал финансиски извештаи во кои ја криел вистинската состојба на своите финансии од ревизорите и фудбалските регулатори;
Манчестер Сити значително ги прекршил ограничувањата за трошење поставени и од Премиер лигата и од УЕФА;
За време на истрагата на Премиер лигата, Манчестер Сити не соработувал и не постапувал со добра волја кон лигата.
Од Манчестер Сити потврдија дека ќе поднесат жалба на одлуката. За тоа имаат рок до петок.
Според Премиер лигата: „Со оглед на тоа што обвиненијата се докажани, прашањето за санкциите ќе се разгледува одделно на дополнително сослушување пред независната комисија. Во согласност со правилата на Премиер лигата, тоа сослушување ќе остане приватно и доверливо сè додека не биде дозволено објавување на исходот.“