Потенцијален голем проблем за Барселона: Се повреди Рафиња!

by Стефан
1 минути читање

Лоша вест пристигна за навивачите и стручниот штаб на Барселона, откако Бразилскиот фудбалски сојуз соопшти дека Рафиња се повредил.

Крилниот напаѓач на каталонскиот гигант мораше да ја напушти играта на полувремето од пријателскиот натпревар меѓу Бразил и Австралија поради мускулни проблеми во десната натколеница.

Иако ги одигра првите 45 минути без видливи проблеми, во второто полувреме остана во соблекувалната за да не ризикува дополнително влошување на состојбата.

Интересно е што Рафиња на овој натпревар започна како стартер, а селекторот му додели улога на „лажна деветка“. Пред да биде заменет, успеа да се запише и во листата на стрелци, откако беше прецизен од белата точка.

Откако почувствувал затегање во ногата, фудбалерот во договор со медицинскиот тим одлучил да не ризикува посериозна повреда и да не го продолжи натпреварот. Во второто полувреме на теренот го замени Ендрик.

Се очекува дополнителни информации за состојбата на Бразилецот да бидат познати во следните неколку часа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×