Франческо Тоти е една од најголемите икони на Рома и човек кој во Рим ужива статус на вистинска легенда. Сепак, самиот Тоти смета дека токму титулата светски шампион со Италија во 2006 година му донела признание и надвор од границите на Рим.
Во интервју за „Кориере дело Спорт“, Тоти се присети на незаборавниот Мундијал во Германија.
Тоти е убеден дека неговото присуство во тимот на Марчело Липи било еден од клучните фактори за големиот успех, а во свој стил даде и малку шеговита забелешка:
„Да не играв, немаше да го освојат. Тоа првенство ми даде значење и надвор од Рим. Да освоев само едно Скудето, два купа и два Суперкупа, ќе останев запаметен само во рамките на градската обиколница. Вака станав светски шампион и, иако бев на 40 отсто од моите можности, дадов голем придонес. Не секој освојува Светско првенство“, додаде легендарниот Италијанец.
Неговите зборови дека на турнирот играл со само 40 отсто од своите можности не се без основа.
Тоти во февруари 2006 година го скрши левиот зглоб и мораше итно да биде опериран. Следуваше трка со времето и тежок процес на рехабилитација за да успее да биде подготвен за Светското првенство. И покрај тоа што му недостигаше натпреварувачки ритам, Тоти стартуваше на шест од седумте натпревари на Италија на турнирот имаше учинок од еден гол и четири асистенции со кои беше најдобар астенет на турнирот.
На крајот, „Аѕурите“ го освоија Светското првенство во Германија, а Тоти во својата колекција го доби највредниот трофеј во кариерата.