Тажен ден за фудбалот во Словенија: Згасна еден од најтрофејните клубови

by Стефан
1 минути читање

Тежок удар за словенечкиот фудбал. Еден од најтрофејните клубови во земјата, Горица од Нова Горица, официјално замина во стечај и престанува да функционира во формата во која навивачите го познаваа со децении.

Клубот зад себе остава богата историја со трофеи. Горица дури четири пати беше шампион на Словенија во сезоните 1995/96, 2003/04, 2004/05 и 2005/06. Покрај тоа, трипати го освои и националниот куп.

Најсветлите моменти клубот ги имаше во средината на 2000-тите, кога беше еден од главните симболи на словенечкиот фудбал.

Но, годините на успех не можеа да ги прикријат финансиските проблеми. Долговите постепено се зголемуваа, а ситуацијата кулминираше минатата сезона, кога Горица не доби лиценца за настап во Втората лига бидејќи не ги исполнуваше финансиските услови.

Имаше обиди клубот да продолжи барем преку младинскиот погон, но и таа опција пропадна. На почетокот на август младинските селекции беа повлечени од натпреварувањата, а нивните активности беа префрлени на друго здружение.

Само неколку недели подоцна стигна и конечниот удар, Горица стана јасно дека нема да биде дел ниту од Приморската лига.

Така, еден од клубовите со најбогата историја во словенечкиот фудбал го доживеа својот најтежок момент. Горица замина во стечај, а што ќе остане од клубот и дали фудбалот во Нова Горица ќе продолжи под нова форма, останува да се види.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×