Јамал блесна на „Вембли“ и веднаш испрати порака до критичарите!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Шпанија вчера на легендарниот „Вембли“ ја совлада Англија во одличен натпревар со резултат 3-2.

Ова беше првиот натпревар за двете селекции по завршувањето на Светското првенство, каде што Шпанија го освои златниот медал, додека Англија на крајот мораше да се задоволи со бронзата.

Шпанија поведе уште во 2. минута со голот на Ламин Јамал, а до крајот на полувремето Англија со головите на Гордон и Кејн направи пресврт. На крајот, „Црвената фурија“ со головите на Баена и Ојарзабал славеше со 3-2.

По натпреварот, на социјалните мрежи се огласи Ламин Јамал. Тој објави серија фотографии од „Вембли“ и испрати кратка порака:

„Мразете ме или сакајте ме, не ми е гајле.“

Инаку, Јамал во последно време доби голем број критики по серијата интервјуа во кои отворено зборуваше дека токму тој ја заслужува „Златната топка“.

Навивачите во таа прилика му забележаа на недостигот на скромност и почит кон противниците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×