По Чурлинов Македонија остана и без уште еден фудбалер за натпреварот со Швајцарија

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена на утрешниот натпревар против Швајцарија, кој на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се игра од 20:45 часот. На денешната прес-конференција беше потврдено дека Бобан Николов се здобил со повреда на еден од последните тренинзи.

Играчот на Вардар нема да може да му помогне на тимот на стартот од Лигата на нации, но неговото отсуство не би требало да биде долгорочно. Николов останува во комбинација за следните натпревари од овој циклус, против Словенија, Шкотска и повторно против Швајцарија.

Селекторот Гоце Седлоски веќе се соочи со проблеми во составот поради отсуството на Дарко Чурлинов. Фудбалерот не можеше да ја напушти Полска поради административни пречки, па Седлоски најави дека во следниот период може да повика уште еден или двајца играчи во репрезентативниот состав.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×