Британскиот ги израдува навивачите: Наскоро може да се укине забраната која е воведена пред 40 години

by Стефан
2 минути читање

Британскиот премиер Енди Барнам, познат како голем љубител на фудбалот и навивач на Евертон, смета дека е време да се преиспита забраната за консумирање алкохол на фудбалските стадиони.

Забраната во Англија е на сила од 1985 година, кога тогашната влада предводена од Маргарет Тачер воведе правила со кои беше забрането консумирање алкохол во близина на теренот на натпреварите во првите пет нивоа на машкиот фудбал.

Одлуката беше донесена во период кога насилството и нарушувањето на јавниот ред на фудбалските натпревари беа сериозен проблем. Тогашниот министер за внатрешни работи Леон Британ оцени дека алкохолот е еден од главните фактори кои придонесуваат за ваквите инциденти.

Речиси 40 години подоцна, Здружението на фудбалски навивачи смета дека законодавството е застарено и треба да биде преиспитано. Ист став има и Барнам.

„Сметам дека овој закон потекнува од време кога фудбалот беше многу поинаков. Навистина верувам дека постојат аргументи оваа дискриминација да се отстрани. Постојат различни начини на кои тоа би можело да се направи, вклучително и преку пробен период“, изјави Барнам за време на посетата на Обединетите нации во Њујорк.

Британскиот премиер додава дека не гледа причина навивачите на фудбалот да имаат поинаков третман од оние кои следат други спортови.

„Нема да отстапам од мојот долгогодишен став. Не гледам како е фер навивачите на еден спорт да бидат третирани поинаку од навивачите на друг спорт“, порача Барнам.

Евентуалната промена би можела да наиде на поддршка кај голем број фудбалски навивачи во Велика Британија.

Во женскиот фудбал веќе е направен чекор во таа насока. Во јули, двете највисоки женски лиги потврдија дека на навивачите ќе им биде дозволено да консумираат алкохол на трибините за време на натпреварите, по завршувањето на 18-месечниот пробен период кој започна во јануари 2025 година.

Сега останува да се види дали сличен модел ќе биде применет и во машкиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×