Манчестер јунајтед направи значаен исчекор во реализацијата на амбициозниот проект за изградба на нов стадион со капацитет од 100.000 гледачи.
Клубот веќе го обезбеди најголемиот дел од земјиштето на кое е планирана изградбата, со што проектот влегува во нова фаза.
Извршниот директор на „црвените ѓаволи“, Омар Берада, потврди дека клубот останува целосно посветен на планот за изградба на новиот објект, а обезбедувањето на земјиштето го опиша како важен чекор во целиот процес.
Новиот стадион е дел од поширокиот план за трансформација на просторот околу „Олд Трафорд“. Целиот проект се проценува на околу две милијарди фунти, а доколку биде реализиран, Манчестер јунајтед ќе добие еден од најголемите стадиони во Европа.