Швајцарските навивачи в сабота ќе имаат марш низ центарот на Скопје до стадионот

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација в сабота го започнува настапот во Лигата на нации, а прв предизвик ќе биде Швајцарија, која на овој дуел ја има фаворитската улога.

Гостите, сепак, нема да бидат сами во Скопје. Швајцарската репрезентација ќе има поддршка од голем број свои навивачи, а од тамошната фудбалска федерација веќе објавија инструкции за нивниот престој во главниот град, со цел да се избегнат несакани ситуации.

Швајцарските фанови ќе започнат со собирање во 16:00 часот пред ГТЦ, додека во 19:00 часот е планиран организиран марш кон стадионот.

Во упатствата се наведува и дека навивачите се замолуваат да не лепат налепници во локалот каде што ќе се собираат. На стадионот, пак, ќе биде дозволено внесување швајцарски знамиња, како и традиционалните кравји ѕвонци.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија е закажан за 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×