90
Тимот од Фриули е пред ангажман на Давид Алаба, трансферот е најавен со генијална објава и „фамозното столче“ од уникатната прослава на дефанзивецот.
Давид Алаба пристигнува во Серија А, голем број на извори објавија дека дефанзивецот си подал рака со Удинезе.
Трансферот практично го потврдија и „бело-црните“, кои имаа генијална објава на социјалните мрежи.
На фотографијата која беше постирана на профилите се гледа „фамозното столче“ од уникатната прослава на Австриецот против ПСЖ во Лигата на шампиони.
Давид Алаба на Фриули пристигнува како слободен играч откако на 30. јуни заврши неговиот договор со Реал Мадрид и дефанзивецот со месеци бараше нов клуб.
— Udinese Calcio (@Udinese_1896) September 23, 2026
ФОТО: FB/Udinese Calcio 1896