Елези: Швајцарија покажа на Мундијалот дека има квалитет, но ние веруваме дека можеме до позитивен резултат

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија од вчера ги почна подготовките за репрезентативниот прозорец во кој ќе одиграме четири натпревари, два со Швајцарија и по еден со Словенија и Шкотска.

Агон Елези кој во добра форма настапува за Сараево истакна дека фокусот во овој момент е само на Швајцарија која в сабота ја пречекуваме во Скопје.

„Најпрво, огромно е задоволството и привилегијата повторно да се биде дел од оваа репрезентација, од оваа фантастична група. Вистина е дека не очекуваат четири многу тешки натпревари, но моментално за нас постои само еден, тој во сабота против Швајцарија. Сите ги знаеме нивните квалитети и ние мораме да се фокусираме само на себе, да не правиме грешки, затоа што секоја наша грешка може многу да не чини.

Швајцарија покажа на Мундијалот дека е во сериозна форма и дека има сериозни квалитети во секој поединец. Но, ние треба да се фокусираме на себе и да имаме доверба дека можеме да направиме позитивен резултат. Така и ќе влеземе во натпреварот. Најбитно на претходните натпревари беше да се запознаеме со новиот стручен штаб, со новите играчи и со новите идеи. Сметам дека ни донесоа многу и дека научивме многу.

Најважно беше да направиме добра атмосфера меѓу нас, меѓу играчите, а тоа и се покажа. Сите сме во добра атмосфера, имаме добра кохезија и сега само тоа треба да го пренесеме на теренот, почнувајќи од сабота“, изјави Елези.

По натпреварот со Швајцарија нашата репрезентација патува за Љубљана каде на 29 септември ќе играме со Словенија, па следи домашен дуел со Шкотска на 3 октомври и гостување кај Швајцарија на 6 окотмври.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×