Џака поради лажната поврда за вакцинација во времето на коронавирусот нема да игра во Скопје!

by Стефан
1 минути читање

Швајцарската репрезентација ќе мора да ги одигра следните четири натпревари во Лигата на нациите без својот капитен Гранит Џака. Искусниот фудбалер нема да биде со националниот тим откако призна дека за време на пандемијата на коронавирусот користел лажна потврда за вакцина, по што против него е отворена истрага.

„Денес јасно гледам дека направив погрешен избор. Тоа беше грешка и жал ми е“, порача 33-годишниот Џака, кој е роден во Базел.

Случајот во моментов го разгледува Обвинителството во Луцерн. Поради истрагата, Швајцарскиот фудбалски сојуз и Џака заеднички одлучиле тој да не биде дел од претстојниот репрезентативен собир во Белек.

Од швајцарскиот сојуз потврдија дека одлуката е донесена по разговорот со капитенот, кој ја презел одговорноста за своите постапки.

Швајцарија во овој репрезентативен циклус ќе одигра четири натпревари. Првиот е на 26 септември во Скопје против Македонија, по што Швајцарците ќе гостуваат кај Шкотска. Следуваат два домашни натпревари, против Словенија и повторно против Македонија.

Сепак, Џака не е трајно отстранет од националниот тим. Откако ќе заврши истрагата, неговиот статус повторно ќе биде разгледан.

„По завршувањето на овој репрезентативен период повторно ќе ја разгледаме ситуацијата со Гранит и ќе разговараме за следните чекори“, изјави претседателот на Швајцарскиот фудбалски сојуз, Петер Кнебел.

Џака, пак, порача дека целосно ја презема одговорноста за својата одлука и дека ќе соработува со надлежните институции во текот на целиот процес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×