29
Евертон привлече внимание со ВИП понуда каква што ретко се среќава во светот на фудбалот. Премиерлигашот им овозможува на навивачите и љубителите на фудбалот да почувствуваат како изгледа секојдневието на еден професионален фудбалер, но за тоа ќе треба да издвојат 25.000 фунти.
За оваа сума, заинтересираните добиваат можност во период од седум дена да бидат дел од атмосферата во клубот и одблизу да го искусат животот на фудбалерите на Евертон.
Идејата е да се помине низ што поголем дел од активностите кои се составен дел од една вообичаена недела на играчите на клубот.
Што добивате за 25.000 фунти?
- Престој во хотелот каде што редовно се сместуваат фудбалерите
- Тимски појадок заедно со играчите
- Патување со екипата
- Учество на еден тренинг
- Присуство на тимските состаноци и состанок со менаџерот
- Загревање покрај аут-линијата со резервните фудбалери
- Место на клупата за резерви за време на натпревар
- Персонализирана маица како сувенир од целото искуство