Манчестер сити без поголеми проблеми го обезбеди пласманот во осминафиналето на Лига купот, откако убедливо со 5-0 го совлада Норич.
„Граѓаните“ уште од самиот почеток го презедоа натпреварот во свои раце и прашањето на победникот практично го решија уште во првото полувреме. Самба и Шерки двапати ја затресоа мрежата на домаќините за предност од 2-0 на паузата.
Сити продолжи во ист ритам и во вториот дел, целосно контролирајќи го текот на натпреварот. До крајот постигна уште три гола преку Алан Елиас, Самба и МекАидо за убедлив триумф од 5-0.
Тимот на Енцо Мареска сега го очекува осминафиналниот предизвик, каде што ќе ги одмери силите со Брајтон.
🚨 Ryan McAidoo makes it five.
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 17, 2026
🏴 Manchester City 5-0 Norwichpic.twitter.com/PGQa4BN8k6