Долгогодишниот фудбалер на Наполи, Станислав Лоботка, би можел да го напушти клубот од југот на Италија, бидејќи засега нема најава дека ќе му биде продолжен договорот кој истекува на крајот од сезоната.
Искусниот словачки фудбалер од 1 јули следната година би можел да стане слободен играч, доколку Наполи не ја активира опцијата за продолжување на договорот за сезоната 2027/28.
Од друга страна, Јувентус е во редот за неговиот потпис, а овој трансфер би добил дополнително значење доколку во торинскиот гигант остане Лучано Спалети. Спалети во текот на двете години во Наполи имаше одлична соработка со Лоботка, особено во 2023 година кога беше освоено Скудетото. Сепак, прашање е дали италијанскиот тренер ќе остане во Торино до следниот преоден рок.
Иако веќе навлезе во 32. година од животот, Лоботка и понатаму има значајна улога во Наполи, за што најдобро сведочи победничкиот гол против Болоња постигнат минатиот викенд.