Tрагедија го погоди семејството на Роналд Куман

by Стефан
1 минути читање

Холандскиот фудбалски стратег Роналд Куман преку социјалните мрежи ја сподели тажна вест дека неговата сопруга Бартина Куман починала на 15 септември.

Куман со емотивна порака се прости од својата сопруга, која ја опиша како прекрасна жена и грижлива мајка и баба.

„Со голема тага, но исто така и со голема гордост и љубов, се збогуваме со мојата прекрасна сопруга, најгрижливата мајка и баба. Бартина Куман Бодевелд 30 јануари 1961 – 15 септември 2026 година. Семејството Куман“ стои во соопштението што Куман го објави на својот Инстаграм профил, заедно со фотографија со неговата сопруга.

Куман неодамна ја напушти селекторската функција во холандската репрезентација, откако поднесе оставка по елиминацијата од Мароко во шеснаесетфиналето на Светското првенство.

Во богатата тренерска кариера работеше во Барселона, Витесе, Ајакс, Бенфика, ПСВ, Валенсија, АЗ Алкмар, Феенорд, Саутемптон и Евертон. На клупата на холандската репрезентација седеше во два наврати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×