Ал Наср и Кристијано Роналдо беа демолирани во првото коло од азиската Лига на шампионите, загубија од Ал Аин со 4-0.
Ал Аин е клуб од Обединетите Арапски Емирати предводен од српскиот тренер Владимир Ивиќ, тие денеска одиграа фантастичен меч.
Кристијано Роналдо го одигра целиот меч, но беше немоќен, противникот го имаше лекот за Португалецот кој не успеа да направи нешто повеќе за својот тим.