Страшен гол на Карлос Агусто, ја „скина“ мрежата на Удинезе! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фантастичен и ефикасен старт гледаме на натпреварот меѓу Интер и Удинезе каде што по нешто повеќе од половина час игра се постигнаа четири гола.

Удинезе му зададе два удари на фаворитот во само неколку минути. Абанквах погоди во деветтата минута за 1-0, а Екеленкамп во 16-тата минута ја удвои предноста на гостите.

Интер, сепак, брзо се врати во игра. Само десет минути подоцна Карлос Аугусто постигна спектакуларен гол со вистинска „бомба“ од далечина. Барела потоа во 35-тата минута стрелаше и за израмнување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×