Рома продолжува со максимален учинок во новата сезона. „Волчицата“ вечерва ја забележа четвртата победа во исто толку натпревари, откако славеше на гостувањето во рамките од четвртото коло.
Повторно еден од главните херои беше Дониел Мален. Холанѓанецот во 40. минута одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и со сигурна завршница го совлада голманот за водство на Рома.
За Мален ова беше шести погодок сезонава во Серија А, со што се издвои на врвот на листата на стрелци.
Рома во второто полувреме ја контролираше играта и беше поконкретна, упатувајќи повеќе удари кон противничкиот гол. Домашниот тим, сепак, имаше неколку свои шанси, но не успеа да ги искористи.
Конечниот резултат го постави Писили во третата минута од судиското продолжение, ставајќи точка на четвртиот триумф на римскиот тим.
До третата победа сезонава стигна и Комо, кој на домашен терен ја совлада Парма со 2-1.
Резултатот беше отворен во 23. минута. Рамон ја затресе мрежата по одличната асистенција од Нико Паз и му донесе предност на домаќинот.
За новите погодоци се чекаше самиот финиш. Калки во завршницата зголеми на 2-0, додека Ромеро во последните моменти успеа само да го ублажи поразот на Парма.