Жозе Мурињо откри зошто Јан Диоманде не е стартер

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо вели дека Јан Диоманде во било кој друг клуб во светот ќе бил стартер и ќе играл 90 минути на секој натпревар, но конкуренцијата на „Бернабеу“ е нешто сосема друго.

„Кралевите“ ова лето решија да го реализираат најскапиот трансфер во својата историја и да инвестираат околу 140 милиони евра за ангажман на Јан Диоманде од РБ Лајпциг.

Но младото момче до овој момент само еднаш се најде во стартниот состав, а и на тој натпревар против Рајо не успеа целосно да ги оправда очекувањата.

Во пресрет на мечот со Елче, Жозе Мурињо вели дека Јан Диоманде во било кој друг клуб во светот ќе бил стартер и ќе играл 90 минути на секој натпревар, но на „Бернабеу“ има жестока конкуренција.

„Не му недостига ништо, Диоманде ги има сите квалитети што му се потребни. Да играше во било кој друг клуб во светот, ќе беше стартер и ќе играше 90 минути на секој натпревар“ – вели тренерот на Реал Мадрид.

„Имаме исклучително силен состав со многу опции. Не можеме цела сезона да се потпреме на само десет фудбалери, а останатите да ги заборавиме. Како што одминува сезоната, се троши енергијата, паѓа мотивацијата, а и конкуренцијата во тимот мора да се одржува“.

„Имаме огромен избор, Диоманде, Вини, Арда, Брахим, а за некој месец и Родриго… Во таква конкуренција, тешко е да имате играч за кој можете да кажете дека е недопирлив стартер“.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×