Вакво нешто не се памети во Србија: Партизан доживеа нов пораз и сега е претпоследен

by Стефан
1 минути читање

Партизан се наоѓа во сериозна резултатска криза, а проблемите за белградскиот клуб стануваат сè поголеми. „Црно-белите“ денеска доживеаја нов пораз пред своите навивачи, откако Војводина славеше со 3-2, со што тимот падна на шокантното 13. место на табелата.

По осум одиграни кола, Партизан има само седум освоени бодови и се наоѓа на претпоследната позиција. Под него е единствено Земун, клубот кој денеска го претстави македонскиот тренер Ѓорѓи Мојсов.

Катастрофалната сезона за Партизан не се однесува само на домашното првенство. Белградскиот гигант не успеа да обезбеди место во европските купови, откако во плеј-офот за пласман во Конференциската лига беше елиминиран од Гетафе.

По европската елиминација следуваше дополнителен потрес во клубот. Целокупната управа, заедно со тренерот Илиќ, поднесе оставка, но по одреден период сите се предомислија и решија да останат на своите функции.

Сепак, резултатите јасно покажуваат дека во Партизан нешто мора сериозно да се промени.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×