Премиер лигата објасни зошто голот на Халанд е регуларен (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Премиер лигата излезе со официјално објаснување за спорната ситуација од манчестерското дерби, откако голот на Ерлинг Халанд предизвика бројни реакции кај фудбалската јавност.

Напаѓачот на Манчестер сити во 60. минута ја затресе мрежата за водство на својот тим. Погодокот првично беше поништен поради офсајд, но по интервенцијата на ВАР одлуката беше променета и голот беше признат.

Токму оваа одлука предизвика дилеми кај дел од навивачите, па Премиер лигата дополнително ја појасни ситуацијата. Според објаснувањето, ВАР утврдил дека Халанд бил во дозволена позиција, додека Енцо Фернандез кој се наоѓаше во офсајд, не влијаел врз играта и не ја допрел топката.

„ВАР ја провери одлуката на судиите на теренот и утврди дека Халанд се наоѓал во дозволена позиција, по што препорача голот да биде признат. Исто така, ВАР процени дека Фернандез, иако се наоѓал во офсајд-позиција, не играл со топката ниту, пак, влијаел врз играта.“

Според актуелните правила на Премиер лигата, играч кој се наоѓа во офсајд-позиција ќе биде санкциониран доколку активно го спречува противникот да игра или му ја ограничува можноста да игра со топката, доколку влегува во дуел за топката со противникот или доколку прави очигледен потег што директно влијае врз способноста на противникот да реагира.

Во конкретната ситуација, ВАР-судиите процениле дека Фернандез не направил ништо од наведеното, поради што погодокот на Халанд останал на сила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×