Лоботка го врати Наполи на победничките патеки (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Наполи стигна до минимална, но заслужена победа од 1-0 против Болоња на домашен терен. Избраниците на Масимилијано Алегри беа подобар противник во текот на целиот натпревар и имаа можност да слават и со многу поубедлив резултат.

Моментот на одлука се случи во 66. минута. Константино Фавасули одлично го проигра Станислав Лоботка, кој од прва упати удар и успеа да ја затресе мрежата на Масимо Песина за водство на домаќините.

Болоња не успеа да одговори до крајот, па Наполи ги освои трите бода и стави крај на серијата од три последователни порази во сите натпреварувања.

За тимот од Неапол ова беше втор триумф во четвртиот натпревар сезонава во Серија А. Следниот предизвик за Наполи ќе биде гостувањето кај Фиорентина.

Болоња, од друга страна, продолжува со лошиот старт. Тимот предводен од Доменико Тедеско по четири кола има само еден освоен бод, па кризата станува сè подлабока.

Шанса за првата победа во сезоната Болоња ќе има следната сабота, кога на својот „Ренато Далара“ ќе го пречека Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×