Баерн се намачи за победа против храбриот Елверсберг (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Баерн Минхен ја запиша втората победа во новата сезона во Бундеслигата, откако на гостински терен со 2-1 го совлада Елверсберг во натпреварот од третото коло.

Домашниот тим, кој во првите две кола имаше максимален учинок, уште еднаш покажа дека нема лесно да се откаже од бодовите. Сепак, квалитетот на германскиот шампион дојде до израз во завршницата, кога Баерн го зададе решавачкиот удар.

Гостите стигнаа до водство во 26. минута. Хари Кејн одлично го проигра Карл, кој ја искористи укажаната шанса и погоди за 0-1.

Елверсберг пред паузата успеа да ја затресе мрежата на Баерн, но радоста на домашните кратко траеше бидејќи голот беше поништен поради недозволена позиција.

Израмнувањето сепак пристигна во 61. минута. Ноа Дарвих асистираше, а Кратенмахер, кој влезе од клупата, со одличен удар го совлада противничкиот голман за 1-1.

Баерн веднаш го зголеми темпото и тргна по ново водство. Само 11 минути подоцна, Александар Павловиќ одлично се ослободи и го проигра Кејн, а англискиот голгетер во свој стил прецизно пласираше покрај стативата за конечни 2-1.

По три одиграни кола, Баерн има седум бодови и се наоѓа зад Фрајбург и Борусија Дортмунд, кои имаат по девет. Елверсберг останува на шестата позиција со шест освоени бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×