ВМФЛ: Пелистер сигурен со Шкупи, Новаци до прва победа, Охрид подобар од Еуромилк

by Стефан
1 минути читање

Четири натпревари беа одиграни попладнево во рамките на Втората македонска фудбалска лига, а фаворитите главно ја оправдаа својата улога и не дозволија поголеми изненадувања.

Најубедлив триумф оствари Пелистер, кој на домашен терен со 4-0 го совлада Шкупи. Битолчани беа далеку подобар противник во текот на целиот натпревар, а според прикажаното на теренот, победата можеше да биде и поубедлива.

Симеон Христов двапати ја затресе мрежата на гостите, додека во листата на стрелци се запишаа и Јорданчо Наумоски и Кире Стојанов.

До првата победа во сезоната стигна и Новаци. Домашниот тим славеше со 3-1 против Детонит, во натпревар во кој успеа да стигне до заслужени три бода. За Новаци погодија Стефан Јовановски и Никола Талески.

Охрид, пак, ја искористи предноста на домашниот терен и со 3-1 беше подобар од новајлијата Еуромилк.

Три бода од гостувањето кај Осогово освои и Кожуф, кој минимално со 1-0 го совлада домашниот состав. Во натпреварот одигран вчера, Македонија Ѓорче Петров славеше со 1-0 против Камјани.

Колото ќе биде комплетирано вечерва од 19 часот, кога Беласица на домашен терен ќе го пречека Тетекс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×