Мбапе откри со што Мурињо најмногу го воодушевил: Не се станува Жозе, ако не си таков

by Стефан
1 минути читање

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ги сподели своите први впечатоци од соработката со Жозе Мурињо во Реал Мадрид.

Мбапе изрази воодушевување од новиот тренер Мурињо по неговото доаѓање во шпанскиот клуб ова лето. 27-годишниот француски репрезентативец има одличен старт под водство на португалскиот стратег постигнувајќи четири гола на четири натпревари во Ла Лига.

„Каков тренер е тој? Многу интелигентен! Останав воодушевен од интелигенцијата на тој човек“, изјави Мбапе, па додаде:

„Од друга страна, не сум изненаден. Не се станува Жозе Мурињо ако не си таков.“

Статистиката на Мбапе на почетокот од сезоната покажува колку досега е ефикасно ова партнерство. Покрај четирите гола во Примера, 27-годишникот погоди и во победата над Интер со 2:1 во Лигата на шампионите.

„Се чувствува дека тој знае што прави и каде оди. За играчите е важно да имаат насока по која ќе се движат. Со него го имаме сето она што е потребно за работите да ги правиме на вистински начин.“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×