Трагична вест: Во сообраќајна несреќа загина млад фудбалер на Тетекс!

by riste
1 минути читање

Фудбалската јавност во Македонија утринава е потресена од веста дека 21-годишниот фудбалер на Тетекс, Даниел Николовски, го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Тетовскиот клуб информираше за големата трагедија. Сообраќајката се случила во текот на ноќта.

Даниел Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс и продолжи да настапува во сениорскиот тим на тетовскиот клуб.

Соопштението на Тетекс ви го пренесуваме во целост:

„Во раните утрински часови, во сообраќајна несреќа, животот го загуби нашиот Даниел Николковски.
Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека на 12.09.2026 година го загубивме нашиот Даниел.
Даниел беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а својата љубов кон клубот ја продолжи и како дел од сениорскиот тим.
Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб.
На неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа, ФК Тетекс им упатува најдлабоко сочувство.
Почивај во мир, Даниел.
Летај високо, ангелу“, се вели во соопштението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×