Халанд воодушевен од соиграчот: Пронајдовме вистински дијамант!

by Стефан
1 минути читање

Ерлинг Халанд е воодушевен од Ајуб Буади, еден од најголемите таленти во светскиот фудбал и негов нов соиграч во Манчестер сити каде што пристигна летово.

Мароканскиот играч за врска првпат беше стартер за Сити во победата од 0-2 на гостувањето кај Порто во првото коло од Лигата на шампионите, а двата гола ги постигна токму Халанд.

Буади одигра 75 минути, имаше 71 контакт со топката, реализираше 95 отсто од додавањата и ги доби сите свои стартови на топката. По натпреварот, Халанд за „Прајм видео“ посебно го истакна младиот фудбалер.

„Му кажав на претседателот дека беше фантастичен. Пронајдовме вистински дијамант. Се гледа колку е добар“, изјави Халанд.

Норвежанецот потоа низ шега додаде дека Буади сепак не одиграл совршен натпревар, бидејќи во една ситуација во второто полувреме не му ја додал топката, иако Халанд бил целосно сам.

Манчестер сити го доведе Буади од Лил на крајот на август. Според англиските медиуми, трансферот вреди 95 милиони евра, плус дополнителни пет милиони евра низ можни бонуси. Младиот Мароканец потпиша петгодишен договор.

Иако Лил го напушти на само 18 години, Буади веќе имаше забележано дури 96 настапи за првиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×