Мурињо: Беше лудо, можеше да заврши и 7-6

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид со 2-1 го победи Интер во првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите, а по натпреварот Жозе Мурињо ги кажа своите впечатоци.

Португалскиот стратег го опиша дуелот како „луд натпревар“, со оглед на големиот број шанси пред двата гола.

„Ми се допадна резултатот – три бода против многу силен тим во првиот натпревар. Но, за гледачите пред телевизор ова беше фантастичен натпревар, а не и за мене и Кристијан Киву. Ова беше лудо. Можеше да заврши 5:0 за нас, 5:5, 7:6 или 5:6. Имаше толку многу шанси“, изјави Мурињо.

Тренерот на Реал смета дека неговиот тим можел да ја реши средбата уште во првото полувреме.

„Интер е силен тим и ни беше тешко со нашата средина од теренот да ги затвориме кога се повлекуваа длабоко. Сепак, можевме да поведеме со 3:0 уште пред паузата. Имавме уште една голема шанса преку Белингем, а и Интер можеше да постигне неколку гола. Сè беше отворено до самиот крај. Едноставно, ова беше луд фудбалски натпревар“, додаде Мурињо.

Мурињо застана и во одбрана на Килијан Мбапе, кој во текот на натпреварот доби свирежи од дел од навивачите поради наводен себичен пристап во некои ситуации.

„Мбапе работи исклучително многу. Постигна важен гол, имаше две или три ситуации кои вообичаено ги реализира, но не сум загрижен. Тој секогаш ќе постигнува голови. Сигурен сум дека повторно ќе биде најдобар стрелец во Лигата на шампионите оваа сезона. Многу работи за тимот и не можам да бидам позадоволен од него“, порача Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×