Почна новата сезона во Лигата на шампионите, Астон Вила со 3-2 победи на гостувањето кај Клуб Бриж, АЕК со прекрасен гол со 1-0 го совлада ЛАСК.
Астон Вила со три гола во првото полувреме успеа да стартува со победа во Лигата на шампионите.
Резултатот беше отворен рано, МекГин со убаво пласирана топка погоди во 11. минута за водство на Вила од 1-0.
Но, Бриж брзо дојде до израмнува, Ветлсен постигна гол во 19. минута за 1-1.
Овој резултат не траеше долго, Буендиа во 22. погоди и го врати водството на Астон Вила, овојпат од 2-1.
Пред крајот на првиот дел Зомер направи катастрофална грешка која ја искористи Џексон за 1-3.
По 15 минути игра во второто полувреме Тресолди намали на 2-3 за поинтересно продолжение од мечот, но тоа беше последниот гол.
АЕК со фантастичен гол на Марин од слободен удар го победи ЛАСК со 1-0.
Во второто полувреме гол даде и Јовиќ, но му го поништија поради офсајд.