Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Алексис МекАлистер призна дека бил многу тажен што не добил нов договор и продолжување на соработката со „црвените“.
Нови бранувања на „Енфилд“, Алексис МекАлистер се пожали од одлуката на Ливерпул да не му понуди нов договор, иако продолжување на соработката добија неговите колеги од средниот ред, Доминик Собослаи и Рајан Гравенберх
„Како што сите знаете, добив информација дека клубот во моментов не е во можност да ми понуди нов договор. Па многу, многу сум тажен поради ова“ – вели Аргентинецот.
„Сите гледаат дека го давам максимумот за оовј клуб, секој ден на тренинзите и на натпреварите. Некогаш играм одлично, некогаш имам лош натпревар, тоа е нормално за секој фудбалер. Но, секогаш го давам максимумот“.
„Многу сум среќен што Доминик и Рајан ги продолжија договорите, бидејќи навистина го заслужуваат тоа. Сепак, морам да признам дека истовремено ми е жал што јас не добив нов договор“.
„Ќе продолжам да давам се од себе за клубот до последниот ден во кој ќе бидам тука“.
Изминатиов период, Алексис МекАлистер често беше поврзуван со Реал Мадрид, а во последните денови од преодниот рок се пишуваше и за трансфер во Манчестер Сити.
„Ќе видиме што ќе донесе иднината. Имав можност а заминам уште летово, но сметам дека во моментов сум во вистинскиот клуб и целосно сум фокусиран да го дадам максимумот за Ливерпул“.
ФОТО: X/Liverpool FC