Родри креираше бура со своите коментари за Столе Димитриевски и играчите на Валенсија

by bojan
1 минути читање

Големото засилување на Барселона ова лето, Родри креираше бура во Шпанија откако не се штедеше со критики за фудбалерите на Валенсија и нивното издание против „каталонците“ во неделата.

Барселона изминатиов викенд ја наполни мрежата на нашиот Столе Димитриевски и славеше со убедливи 0-5 на гостувањето на „Местаља“.

Но покрај доминацијата на теренот, внимание привлече и еден коментар на Родри, кој го имаше својот прв старт за „каталонците“ по трансферот од Манчестер Сити вреден околу 76,5 милиони евра.

Кога Родри седна на клупата, даде исклучително остра оценка за противникот во приватен разговор со Пау Кубарси.

„Овие момци се многу мрзливи, навистина многу мрзливи. Многу се лоши“ – му рече Родри на својот помлад соиграч без да знае дека камерите на „Ел Диа Деспуес“ го уловија разговорот.

„Ужасни се, навистина ужасни. На која позиција заврши Валенсија минатата година?“ – праша фудбалерот од средниот ред, па додаде: „Еј, тие дури не ја поминаа ни средината на теренот во второто полувреме“.

Па и покрај тоа што изјавата на Родри е сурова искреност, многумина сметаат дека Шпанецот покажал непочитување кон противникот.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×